- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Промоција на македонски производи на саемот во МостарDate of publication: 7 April 2017Македонското квалитетно флаширано вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница, малиџано, се дел од македонските производи кои се дегустираат на националниот промотивен штанд во Мостар, Република Босна и Херцеговина, во рамки на Мостарскиот саем што се одржува од 4-ти до 8-ми април 2017 година.
Интересот за македонските производи, чиј вкус традиционално е познат во овие простори, е многу голем и македонскиот штанд е еден од најпосетените на саемот. На саемот се претставуваат преку 800 изложувачи од 30 земји. Манифестацијата ја отвори хрватскиот премиер Андреј Плетковиќ затоа што оваа година партнер на саемот е Република Хрватска.
На свеченоста присуствуваа голем број на државници од регионот и светот меѓу кои српскиот премиер Александар Вучиќ, претседателот на Република Црна Гора Филип Вујановиќ, кинескиот заменик министер за земјоделство Љу Донгѕу и други претставници од високо државно ниво, кои по завршувањето на свеченоста ги посетија изложбените штандови.
Во рамки на саемот се одржува и дводневна конференција на иницијативата 16+1 помеѓу земјите од Југоисточна Европа и Народна Република Кина.
Македонскиот промотивен штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси.
Националната промоција ја организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на македонските производители и Министерството за надворешни работи. |