- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Прва Национална работилница за управување со шумски пожариDate of publication: 9 November 2016Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа првата Национална округла маса за управување со шумски пожари. Овој настан е во рамките на активностите на Глобалниот Центар за следење на шумски пожари со седиште во Германија и Регионалниот Центар за следење на шумски пожари со седиште во Скопје- Р. Македонија. Коорганинатор и домаќин е македонското министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На рабитилницата присуствуваа претставници од домашни институции и организации кои се надлежни за управувањето со шумски пожари и тоа: ЈП Македонски шуми, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, ЈП за стопанисување со пасишта, Противпожарен сојуз на Македонија, ЈП Паркови и зеленило, како и од Глобалниот и Регионалниот Центар за следење на шумски пожари. Пред присутните беше презентирана националната законодавна и институционална рамка за управување со шумски пожари, а се водеше дискусија за подобрување на институционалните капацитетите за управување со шумските пожари и на организаците на цивилното општество. На состанокот беа донесени повеќе заклучоци кои ќе придонесат за подобрување на менаџирањето со шумски пожари. На следната работилницата која е предвидена за 11 ноември годинава, ќе бидат вклучени и преставници од надлежните институции од земјите во регионот. |