- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Рекордни приносите на пченицаDate of publication: 27 May 2016Домашното производство на пченица годинава ќе биде рекордно и првпат ќе покрие поголем дел од вкупните потреби. Засеани се околу 80.000 хектари или 10.000 повеќе од лани, а се очекува принос од најмалку 240.000 тони. Производителите бараат откупната цена да биде минимум 11 денари за килограм и, како што рекоа денеска на традиционалната манифестација „Ден на пченицата“, засилени инспекциски контроли поради шверцот со сертифицираното семе. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков нагласи дека земјоделците ќе добијат најмалку цена која ќе им ги покрие трошоците и ако има потреба, во оваа насока ќе се искористат можностите од Законот за земјоделство и рурален развој според кој, откупната цена не може да биде пониска од производната. - Имајќи ги предвид добрите временски услови, пченицата одлично напредува. Очекуваме рекорден род од просечни 3.000 тони на хектар ако до жетвата останат поволни временските услови, истакна Цветков. Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев, за поголеми приноси, освен сертифицирано семе, неопходно е и засејување на сортите во погодни подрачја. - Бараме да се направат опитни полиња во различни региони зашто се зголемува бројот на сорти пченица и јачмен кои даваат високи приноси, но некои не се погодни за одредени подрачја. Затоа мора да се експериментира, рече Шаклев. Претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров истакна дека состојбите со посевите пченица и јачмен се одлични, посебно во Пелагонија каде не било вака последниве десетина години. Скоро сите сорти ќе дадат многу високи приноси ако временските прилики останат поволни. Ги повикувам сите земјоделци, кои ги немаат осигурано посевите од град, поплави и други непогоди, што побрзо тоа да го сторат. Но, соочени сме со друг проблем, со утврдување на цената за оваа реколта, предочи Тантаров, изразувајќи уверување дека и оваа година, како и секоја претходно, во Министерството ќе се одржи заедничка средба со мелничарите на која ќе бидат договорени цени задоволителни за двете страни. Сопственикот на „Агроунија“ и претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК) Огнен Оровчанец, кој е и организатор на „Денот на пченицата“, смета дека моментно во Македонија сертифицирано семе се употребува за 30 до 40 отсто од вкупните површини. - Употребата на сертифициран семенски материјал значи најмалку 30 проценти повисок принос, без болести и со максимална воедначеност, подвлече Оровчанец. Тој најави нови сорти од кои три се со рекордни, досега незабележани приноси. Допрва ќе се сеат, а резултатите ќе бидат евидентни во следните десет години. - Со селекција добивме над 1.000 линии, потенцијални нови сорти, од кои 100 се издвоени како најдброи, а три од овие 100 како врвни, со по 125 зрна во класот за разлика од стандардните кои имаат по најмногу 95 зрна. Тоа практично значи генетски потенцијал за принос од 18 тони на хектар во идеални услови што е многу повеќе од актуелните кои даваат по околу 7.800 тони, потенцира Оровчанец. Засега, лиценцирани македонски сорти пченица, производство на „Агроунија“, освен во соседните земји, има и во ЕУ, Грција, Турција и Албанија. Тоа, рече Оровчанец, не значи афирмација само за компанијата, туку и за целата држава, но посебно за македонската земјоделска наука. Во овој контекст, одговорајќи на новинарски прашања, министерот Цветков нагласи дека стратегијата и натаму е креирање сертифицирано, висококвалитетно производство, конкурентно на странските пазари. - Ако сакаме да го зголемуваме земјоделското производство, мораме да применуваме наука. Не можеме да очекуваме конкурентни земјоделци, доколку не се користат современи достигнувања, најнови агротехнички мерки, модерни сознанија и технологија, рече Цветков и информира дека не само за житни, туку за сите култури науката ќе има приоритет. Предвидено е да се постават опитни полиња со култури во соодветни региони, јаболка во Ресен, грозје во Кавадарци,... и да се организира обука за земјоделците од страна на експерти по што ќе бидат изготвени и брошури.
Агроунија со денешната манифестација „Ден на пченицата“ одбележа 27 години постоење. |