- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Цветков засади дрвцa во КратовскоDate of publication: 2 December 2015Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска, во рамки на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата идина“, посади дрвце на локалитетот Манковица, десет километри од Кратово. Цветков ги повика граѓаните на масовност со цел, како што нагласи, да се пошумат планираните 930 хектари со 3,16 милиони садници. Денешното пошумување со разни видови дрвја (црнбор, бел, бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, смрча, дуглазија, даб, костен, питом, туја), сеизведува на 81 локација во 30 катастарски општини. - Во досегашните 15 акции, несметајќи ја денешната, пошумени се безмалку 11.800 хектари со над 32 милиони садници. За потребите на ЗЕЛС и секоја општина одделно се обезбедени 67.218 декоративни дрва повисоки од еден метар, лисјарски и четинарски видови, додека покрај автопатитe засадуваме 3.000 чемпреси со висина над еден метар и 7.000 олеандри покрај автопатот Смоквица-Гевгелија и околу Дојранското езеро. Дополнителни 1.000 декоративни садници се обебедени за Град Скопје, како и 300 декоративни садници за Здружението „Ден на дрвото - засадија својата иднина!“, изјави Цветков. Министерството, додаде, не застанува тука. По завршувањето на акцијата, Државниот инспекторат за шумарство и ловство ќе ги посети сите локации, ќе ја утврдува пошумената површина и ќе го определи процентот на прифатени садници. Најави дека во следниот период „ЈП Македонски шуми“, како и досега, ќе врши пополнување и заменување на незафатените садници со нови. Со акцијата „Ден на дрвото“, како што истакна Цветков, просечната прифатеност на ниво на Македонија е околу 54 отсто. Според експертите, тоа е висок процент зашто вообичано е 40 проценти. |