Конститутивна седница на Националниот комитет на ФАДН

Date of publication: 
25 December 2009
foto fadn.jpg

Мрежата на сметководствени податоци за земјоделските стопанства (ФАДН) во најголем дел се очекува да биде прилагодена кон ЕУ до крајот на 2010 година. По донесувањето на Законот за ФАДН изготвен е Акцискиот план, а воспоставени се и потребните административни капацитети, рече  заменик-министерот за земјоделство на конститутивната седница на Националниот комитет на ФАДН.

 

Како што појасни заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и претседател на Националниот комитет, Перица Иваноски, ФАДН е систем со кој практично се следат ефектите од земјоделската политика, но и економските параметри на аграрот кои, пак, се клучни за креирање на натамошните политики.

 

ФАДН е основна компонента на земјоделскиот информативен систем, клучна алатка при оценка на влијанијата од заедничката земјоделска политика и централен инструмент за мониторинг на економскиот развој на земјоделството. При креирањето на ФАДН мрежата се прибираат податоци само од комерцијални земјоделски стопанства кои остваруваат пазарен вишок врз претходно прецизирани прагови на економска големина. Праговите варираат зависно од државата. Највисоки се во земјите од северозападна Европа, а најниски во југоисточна Европа.

 

Во Македонија изготвувањето на репрезентативниот примерок ќе почне со околу 600 фарми, а по целосното имплеменитарње на системот ќе се однесува на 1.000 до 1.200 стопанства.

 

Со мрежата на сметководствени податоци за земјоделските стопанства на ќе се прибираат физички и структурни податоци, за земјоделската површина, бројот на добиток, работната сила, како и економските и финансиките индикатори во однос на основните средства, обврските, вредноста на производството, субвенциите, продажба, набавка.

 

Целосното етаблирање на ФАДН мрежата е обврска што Македонија треба да ја исполни како дел од евроинтергацискиот процес.

Главната структура на системот е воспоставена,дефинирани се прашалниците кои во почетокот на идната година ќе бидат дистрибуирани до земјоделските стопанства,а обезбедеба е и европска консултанстка помош. Во периодот што претстои, клучно ќе биде донесувањето на подзаконските акти што е предвидено најдоцна за март идната година и креирањето на репрезентативниот примерок.Податоците што ги содржи се собираат на доброволна основа, доверливи се и не се користат за пресметување даноци.