- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СООПШТЕНИЕDate of publication: 13 November 2015за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун за кандидатите кои го положија првиот (теоретски) дел од испитот на 05.11.2015 година
Полагањето на вториот(практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул.Кичевска бр.ББ, Прилеп на 27 ноември 2015 година, со почеток од 11 часот. Вториот (практичен) дел од испитот се состои од решавање на три до пет практични примери со три до пет прашања во познавање на тутунската суровина. Одговорите на кандидатот на секое прашање во познавањето на тутунската суровина се бодуваат со најмалку 10 а најмногу 50 бодови, при што вкупниот збир на бодови се пресметува според просечната вредност на добиени бодови за секое прашање. Вкупниот збир на бодови од вториот (практичен) дел од испитот е 50 бода. Вториот (практичен) дел од испитот се смета за положен со добиен најмалку 21 бод. Се известуваат кандидатите на кои им е потребна обука во познавањето на тутунската суровина дека на 25 и 26 ноември во просториите на Научен Институт за тутун Прилеп може да побараат помош од д-р Ана Корубин Алексоска и м-р Милан Смоквоски. |