- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Со системите „капка по капка“ повеќекратно зголемен приносот на пченкаDate of publication: 11 November 2015Не само четири, како што беше првично предвидено, туку сите осум региони во Македонија ќе бидат опфатени со проектот на УСАИД за воспоставување систем „капка по капка“ кој овозможува поголемо, рентабилно производство на сточна храна и намалување на увозот, беше речено на денешната презентација во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Проектот, освен преку владината Програма 50:50, ќе биде финансиски поддржан и од ИПАРД 2. За седум години, од 2014 до 2021-ва, треба да се постават системи за наводнување „капка по капка“ на околу 7.000 хектари. Со тоа тоа ќе се задоволат количините кои ги увезуваме, а кои лани достигнаа 62.000 тони или 10 милиони евра, односно просечното производство повеќекратно ќе се зголеми. - Владата стои целосно зад овој проект на УСАИД чии резултати се повеќе од евидентни и максимално ќе помогне за негова реализација, изјави ресорниот министер Михаил Цветков по презентацијата. За спроведување на проектот во 2014 и 2015 година беа издвоени 20 милиони денари, но имаше ограничувања при аплицирањето во однос на површините. Можеше да се бараат средства за еден до 20 хектари. Со ИПАРД 2 програмата тоа ќе се елиминира, односно нема да има какви било ограничувања ниту на средствата, ниту на површините. - Системите „капка по капка“ дадоа одлични резултати. Просечното производство од 4,5 тони по хектар пред воведувањето на системите, достигнаа 11 тони. Тоа го зголеми и интересот на земјоделците поради што од 2016 година во овој сегмент сакаме да ја вклучиме и ИПАРД 2 Програмата која за оваа намена ќе обезбеди кофинансирање од најмалку 60 проценти, 65 отсто за млад земјоделец и 70 отсто за површини на поголема надморска висина, нагласи Цветков. Во 2012 година активностите стартуваа со пилот проект кој опфати 40-тина фармери. Оттогаш, првичните 300 хектари со „капка по капка“ се удвоени и надминуваат 600 хектари. - Резултатите беа одлични, само со воведување нови технологии од просечните четири тони принос на пченка, добивме 17 тони. Затоа ова програма стана дел од владината 50:50. Анализите покажаа дека за да се замени увозот на пченка и сточна храна, потребни се 7.000 хектари површина со „капка по капка“, но ние планираме да работиме на поставување вакви системи на што е можно поголеми површини, истакна директорот на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси Мирјана Македонска. Македонија моментно увезува 60.000 тони сточна храна, но дефицитот е многу поголем. Ако има доволно и рентабилна сточна храна, смета Македонска, ќе се намали и увозот на млечни производи, на пилешко месо. Проектот на УСАИД е кофинансиран од Швајцарската влада. |