ИЗВЕСТУВАЊЕ

Date of publication: 
6 October 2015

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Се известуваат сите заинтересирани субјекти дека на ден 15.10.2015 година со почеток во 12 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се одржи јавна расправа за содржината на нацрт верзиите на риболовните основи.

Нацрт верзиите на риболовните основи се објавени на www.mrf1952.mk

Согласно член 16 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр.07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14 и 154/15) за секоја риболовна вода на која се врши риболов се изработува риболовна основа.

Риболовната основа е стручна студија за начинот на стопанисување со рибите во одредена риболовна вода за период од шест години. Риболовната основа ја донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог од овластена установа од областа на рибарството. Пред донесување на риболовната основа овластената установа ја запознава јавноста со содржината на нацртот на риболовните основи.