- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СООПШТЕНИЕDate of publication: 1 October 2015
СООПШТЕНИЕ за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун за кандидатите кои добиле решение од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за исполнување на услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун
Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 05 ноември 2015 година, со почеток од 11 часот и завршување до 13 часот. Истиот се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку десет прашања со пет опции за заокружување од кој една е точна, две се слични, една не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). Прашањата за првиот дел на испитот се објавени во јавната база на прашања. Електронската адреса за пристап до овие прашања е http://e-prasanja.mk/ |