- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Во министерството за земјоделство се оддржа состанок на земјоделците и мелничаритеDate of publication: 26 June 2015Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска одржа уште еден состанок со претставници на земјоделските здруженија и мелничката индустрија. На состанокот беше разговарано за можните минимални откупни цени на пченицата од претстојната реколта. Според земјоделците откупната цена би требало да се движи од 10 до 14 денари за килограм во зависност од квалитетот,а предлогот на мелничарите е таа да биде од 8 до 9 денари за килограм. На состанокот беше заклучено, по објавувањето на берзанските цени за новата пченица, односно на крајот од идната недела, повторно да се оддржи состанок на кој ќе се дефинираат минималните цени. Со оглед на тоа што во моментов се увезуваат брашно и пченица од ланската реколта и за поголема заштита на потрошувачите,земјоделците и мелничарите побараа Агенцијата за храна и ветеринарство да продолжи со зајакнати контроли на квалитетот и безбедноста на увезенето брашно и над операторите со храна кои вршат увоз на брашно. Министерството за земјоделство,истакна министерот Цветков ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе ги превземе сите мерки за успешна реализација на претстојниот откуп на пченицата во интерес и на земјоделците,на мелничката индустрија и на потрошувачите. |