Средба на Државните сектретари на Македонија и Унгарија

Date of publication: 
15 April 2015
P4150044.JPG

Меѓувладиниот Мешовит комитет на Република Македонија со Унгарија, во кој земјоделството е еден главните ресори на соработка меѓу македонското и унгарското Министерство за земјоделство дава резултати, беше констатирано на денешната средба на Државниот секретар на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство Бесир Јашари и  на Државниот секретар на унгарското министерство за надворешни работи Ѓула Будаи.

Во трговијата на земјоделско-прехранбените производи има голем потенцијал и во таа насока беше договрено да се преземат иницијативи за поврзување на фирмите во земјоделско-прехранбениот сектор од двете земји, преку настап на саеми, учество на бизнис форуми и организирање средби. Со тоа ќе се овозможи запознавање со потенцијалот кој го поседуваат и можностите за трговска размена бидејќи таа во моментов не ги задоволува очекувањата. Исто така се разговораше  за соработката во областа на наводнувањето, семепроизводството и рибарството, за што унгарската страна има големо искуство. Државниот секретар Јашари го запозна својот унгарски колега со државната поддршка во земјоделството, со стратегиските планови и со  потенцијалите во овој сектор.

На средбата, двајцата Државни секретари, се заложија за интензивирање на работата на мешовитиот комитет, а по прифаќањето на Акцискиот план за соработка, да се премине кон реализација на конкретни проекти.