- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Цветков на конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“ во ОхридDate of publication: 25 February 2014Претставници на асоцијациите на земјоделски задруги од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија учествуваат на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“ што во организација Асоцијацијата на земјоделски задруги на Република Македонија од денеска се одржува во Охрид. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во обраќањето пред учесниците на собирот ги претстави сите мерки што државата ги презема во однос на задругарството, меѓу кои финансирањето на апликациите за набавка на земјоделска опрема, обезбедување обуки за задружните произведувачи, ангажирањето менаџери за помош на задругите и слично. - Тука сме да ги чуеме искуствата на соседните држави, да размениме искуства, се со цел да го развиеме задругарството како еден од битните предуслови како да се обезбеди конкурентно земјоделско производство, како по квантитет така и по квалитет, производ што ќе може да се понуди како на домашниот така и на странските пазари, истакна Цветков. Тој потсети дека во Република Македонија задругарството се уште е во некој зачеток, со две три години откако е донесен Законот за земјоделски задруги, се формирани 19 задруги, но, укажа на потенцијалот од таквиот вид организирање на произведувачите. - Имајќи ги предвид искуствата на формираните задруги, добрите вести брзо се шират меѓу луѓето така што постои огромен интерес за нивно формирање. Преку здружување на постоечките капацитети, со заедничко обезбедување средства за механизација и по пат на здружување на земјоделските површини, секако ги прави земјоделците помоќни, истакна Цветков. Драги Памуков од земјоделски задруги „Вегефреш“ истакна дека новата легислатива во земјата има овозможува производителите сами да решаваат за начините на организирање и своите активности во иднина.
- Нашата организираност моментално е во зародиш, но се поголемиот број формирани задруги, притоа користејќи ги позитивните искуства од земјите во регионот, ќе овозможи наше активно учество во изнаоѓањето оптимални правила и форми на игра, истакна Памуков. Никола Михајловиќ, претседател на Задружниот сојуз на Србија, истакна дека собирите како овој во Охрид им овозможуваат на новоформираните задруги да ги користат туѓите искуства во осмислувањето на својата производствена дејност. - Колективната задружна сопственост тоа е своевиден хуман капитал оформен по пат на здружување на средства, еден добра основа за развој за сите индивидуални производители, нагласи тој. Матијаш Подмилшак, претставник на Задружната асоцијација на Словенија, укажа на можностите што се нудат за производителите за настап на огромниот европски пазар, но истовремено и на притисоците што ги трпат производителите од регионот од страна на големите компании и веќе етаблираните земјоделски производители од поразвиените економии во ЕУ. - Организирањето на производителите во форма на земјоделски задруги е можеби единствениот начин да се издржат силните притисоци на развиените економии. Големите производители од Европа имаат огромни предности како развиена технологија, знаења, така што задугарството е можеби единствената форма што им овозможува на помалите производители поекономично и рационално делување, нагласи тој. Истовремено Подмилшак укажа на позитивни примери како одредени помали задруги пронашле специфични, препознатливи производи карактеристични за одредени региони како вина, сирења, месни преработки, производи што се произведуваат во помали количини што се наметнуваат на пазарот со особен квалитет, а кои масовните производители не можат да ги следат.
|