- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Консолидацијата на земјоделскотото земјиште презентирана во Свети НиколеDate of publication: 21 January 2014Во Свети Николе денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков ја одржа првата презентација на земјоделците за консолидација на земјоделското земјиште. Цветков нагласи дека меѓу приоритети на Владата и на Министерството е консолидација на земјоделското земјиште. - Во Стратегијата за 2014-2020 година еден од главните приоритети на Владата, односно на Министерството е консолидација на земјоделското земјиште, практично кажано групирање на земјоделските парцели, кои што во моментов се доста фрагментирани, односно раситнати, расцепкани. Секако за да имаме квалитетно и квантитетно земјоделско производство потребно е површините да бидат окрупнати, односно да се изврши консолидација, рече Цветков. Тој најави дека во наредниот период ќе се одржат уште три вакви презентации и тоа во Струмичкиот, Битолско-Прилепскиот и Скопскиот регион, а на работилниците ќе се изберат два региони во кои ќе почне групирањето, односно консолидацијата на земјоделското земјиште. - Консолидацијата секаде во светот трае доста долго за што е потребно време, трпение и пари,но бенефитот е во поголемата продуктивност и економичност,вели Цветков. |