- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Цветков во Берлин на Меѓународната зелена неделаDate of publication: 15 January 2015Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, на покана од германскиот сојузен министер за храна и земјоделство Кристијан Шмит од 15 до 17 јануари ќе учествува на Меѓународната зелена недела во Берлин. Во рамки на оваа манифестација ќе се одржи и министерскиот форум на тема: „Растечката потреба од храна, енергија и суровина: предизвици за одржливо земјоделство и обезбедување доволни количини на храна“. На форумот е најавено учество на 70 министри и заменици министри за земјоделството како и високи претставници на земјоделскиот и прехранбениот сектор. Одлуките на министрите од форумот ќе бидат земени предвид во меѓународните политички процеси како што се Г-7 и Г-20, конференции и состаноци на Обединетите нации. Министерот Цветков ќе оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги од регионот и од Европа. Најавена е средба и со генералниот директор на ФАО, Хозе Грациано да Силва. Глобалниот форум за храна и земјоделство и Министерскиот самит за земјоделство во Берлин се едни од најзначајните настани на меѓународен план, на кои се дискутираат теми од глобален интерес поврзани со земјоделството и обезбедувањето храна во светски размери. |