- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Откупени скоро 4 900 тони тутунDate of publication: 29 December 2014Осум откупувачи на тутун заклучно со денеска откупија вкупно 4.900 000 килограми тутун од годинашнава реколта со просечна откупна цена од 119 денари за килограм. Според податоците од Државниот Инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 27,13 отсто и се одвива според динамиката наведена во договори меѓу откупните организации и тутунопроизводителите. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска, достави и писмено известување до откупните компании за преземање на одредени мерки кои ќе помогнат за поуспешен откуп на тутунот од родот во 2014 година. Во поканите за предавање на тутун да биде наведена целокупната договорена количина како и терминот на предавање на тутунот, доколку се предава во повеќе наврати. Доколку се враќа тутунот од откупниот пункт, поради влажност или од други причини, тутунопроизводителот да биде известен за терминот на следното преземање на тутунот. Откупувачите кои доцнат со динамиката за откуп, да го организираат откупот со дополнителни термини. Откупувачите при преземањето на тутунот да го евидентираат и вишок на тутун кој го имаат тутунопроизводителите. |