Министерот Цветков во посета на откупен пункт за тутун

Date of publication: 
16 December 2014
PC160419[1].JPG

Министерот Цветков кој денеска, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, го посети откупен пункт во Прилеп, рече дека ќе се искористат сите механизми за продажба на тутунот според Законот.

– На тутунарите можам да им ветам дека, според законот, ќе откупуваат фирмите кои обезбедиле пари и банкарски гаранции за тутунарите да ги добијат парите, а државата ќе им ги исплати субвенциите, изјави министерот.

Тој досега одржал три состаноци со директорите на деветте откупни компании и добил впечаток, нагласи, дека се расположени да го откупат вишокот на тутун.

Според Цветков, субвенциите за тутунарите за 2013 година се исплатени. Пари можеби не добиле само оние кои не доставиле потполна документација.

Директорот Стаменов истакна  дека се следат сите откупни пунктови. Три компании до вчера, во законскиот рок – 15 декември, не го почнале откупот и ќе бидат казнети.

– Пашоски, Орбита табак и Далија од Делчево немаа обезбедено банкарски гаранции поради што не го почнаа откупот до вчера, последниот ден за старт на откупот и ќе бидат казнети со по 15.000 евра, изјави Стаменов, додавајќи дека ќе се санкционираат и тутунарите кои немаат склучено договори со откупувачите.

Тутунарите, како што изјави претседателот на Сојузот на тутунските здруженија Данчо Милески, ќе бараат инситутционална проверка на мерните инструменти на откупувачите за влажноста на тутунот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на состанокот со откупните компании побара реална проценка на тутунот и навремена исплата и откупот.