- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Полско-македонски семинар за земјоделскиот пазарно-информативен системDate of publication: 4 December 2014Македонија ќе ги искористи полските искуства за што поефикасно воспоставување на земјоделскиот пазарно- информативен систем и на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН), што е една од обврските во прилагодувањето кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ.
- Искуствата од функционирањето на полскиот ФАДН за нас се од особено значење поради измените во европските регулативи кои во наредниот период треба да се имплементираат и кај нас, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешниот полско-македонски семинар за ФАДН.
Како што рече, во изминатиот период Министерството за земјоделство работеше на воспоставување системи и нивно ефикасно функционирање што е забележано и позитивно оценето во сите досегашни извештаи на Европската комисија.
Во овој процес значајна улога имаа експертите од Полска, кои беа ангажирани преку ИПА проектите.
- Надоградувањето и усповршувањето на системите е еден од примарните приоритети на Министерството. Оттаму и целта на денешниот семинар - претставниците на министерствата од двете држави да ги согледаат досегашните искуства во рамки на Европскиот информативен систем за следење и управување со земјоделските пазари и да се пренесе знаењето на полските експерти во оваа област, посочи Цветков, изразувајќи благодарност до Амбасадата на Република Полска во Македонија и до амбасадорот Јацек Мултановски за поддршката и ангажманот околу семинарот. |