- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Дипломатскиот кор во поддршка на акција „Денот на дрвото“Date of publication: 2 December 2014Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков,Државниот секретар на министерството за надворешни работи Елена Кузмановска, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, придружени од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски, денеска, со симболично засадување дрвца во населбата Ново Лисиче покрај булеварот „Февруарски поход“, ја поддржаа 14. есенска акција „Денот на дрвото“. Во текот на акцијата засадени се околу 150 садници од јасен, јавор, липа и други видови, подарок од Град Скопје. Градоначалникот Трајановски рече дека Денот на дрвото стана препознатлив бренд на Република Македонија, а оваа година акцијата акцент става на садење дрвја во урбаните средини. Министерот Цветков истакна дека во рамките на акцијата за 2014 година ќе се засадат околу 4,5 милиони садници на вкупна површина од 1.100 хектари.Пошумувањето ќе се спроведува на 97 локалитети во 30 општини во Републиката. Годинава на пограчните премини со Р.Албанија: Стење - Преспа, Блато- Дебар, Ќафасан- Струга и Свети Стефан- Охрид, ќе се организира и заедничко засадување на граничните полицајци, цариниците во присуство на локалните координатори и градоначалниците од општините на кои припаѓаат овие гранични премини.За овие гранични премини ЈП Македонски шуми од сопстевените расадници обезбедија по 50 или вкупно 200 садници на четинарски декоративни дрвја. Досега, според контролите на терен од страна на инспекторатот за шумарство е констатирано висок процент на зафатеност на дрвцата од најмалку 50 % што според експертите е голем успех. Тоа покажува дека сме на вистинскиот пат во остварување на целта на акцијата,односно подигнувањето на свеста за зачувување на нашите шуми и природата, истакна министерот Цветков. |