- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Цветков: Модерното земјоделство приоритетDate of publication: 29 November 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на земјоделската задруга „Вегефреш“ во струмичко Куклиш и ги предаде механизацијата и нарачаната опрема субвенционирана од Мистерството за земјоделство. На својата прва средба со задругарите од Куклиш, министерот Цветков ја истакна подготвеноста да го помогне развојот на задругарството во сите сегменти. - Министерството за земјоделство субвенционира 90 проценти во набавката на механизацијата во земјоделските задруги. За таа цел, годинава, преку Платежната агенција инвестиравме преку три милиони евра за набавка на потребната механизација и опрема. Сакаме да ги задржиме младите во оваа стопанска гранка преку директна помош и олеснувања со цел создавање на модерно земјоделство и оптимални услови за живот во руралните средини, посочи министерот. Според него, земјоделската задруга „Вегевреш“ е убав пример за организирано здружување на земјоделците и нивен заеднички настап на пазаро. Цветков ја нагласи заложбата на Владата за давање помош на земјоделците при набавката на земјоделската механизација и приклучни машини, изразувајќи притоа подготвеност за максимално и рационално искористување на 150-те милиони евра од субвенциите за 2015 ггодина, како и 20-те милиони евра кои на македонските земјоделци им стојат на располагање од ИПА Програмата на ЕУ. Директорот на „Вегефреш“ Драги Памуков се заблагодари за ангажираноста и помошта на Министерството кое директно и ја предаде механизацијата на првата задруга во државата |