- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Јавна расправа по Нацрт текстот на Националаната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014-2020 година.Date of publication: 13 November 2014Зголемување на конкуретноста на македонските земјоделското производство и прехранбената индустрија, развој на руралните средини, поддршка за формирање на земјоделски задруги и одржливо управување со природните ресурси се дел од целите на новата Нацрт - стратегија за земјоделство и рурален развој што ќе се имплементира од 2015 до 2020 година. Овие цели се очекува да се реализираат преку низа проекти за модернизација на земјоделско-прехранбениот сектор, подобрување на квалитетот на земјоделските производи и едукација на земјоделците. Се планираат и сериозни инвестиции од страна на државата во изградба на инфраструктурата во руралните средини, а како дел од ова се и 20-те милиони евра што годишно ќе се вложуваат за подобрување на водостопанскиот систем. Очекувањата се дека со релизацијата на овие цели ќе се подобрат позитивните параметри во земјоделскиот сектор како што се зголеменото производство и извоз на земјоделските производи и зголемување на БДП во земјоделството. - Вкупниот износ на средства кој ќе биде издвоен за поддршка на политиките во земјоделството во следниот седумгодишен период е 1,1 милијарда евра. Во насока на модернизацијата на секторот и подобрување на условите за живот и работење во руралните средини е предвидено значително зголемување на средствата за кофинансирање на приватните инвестиции во земјоделските стопанства и преработувачки капацитети, и особено оние кои ќе бидат инвестирани во руралната инфраструктура и наводнувањето, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков на денешната презентација и јавна расправа на Нацрт-стратегијата. Тој додаде дека за мерките за рурален развој ќе бидат издвоени најмалку 35 проценти од вкупните средства за разлика од сегашните 10-тина проценти. - Значителен дел од овие средства или планирани по 20 милиони евра годишно, ќе биде насочен кон подобрување на состојбите во наводнувањето за што е веќе подготвен амбициозен план за инвестирање, а ќе се реализираат и значајни институционални реформи, посочи Цветков. Нагласи дека политиките за развој на земјоделството вклучени во стратегијата се базирани на консезус меѓу институциите, експертите, земјоделците и преработувачите на земјоделски производи. Новата стратегија е втор стратешки документ од овој тип по Националната стратегија за земјоделство и рурален развој што беше изготвена за периодот 2007-2013 година. |