- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Фестивал на органска храна во СкопјеDate of publication: 4 October 2014Во трговскиот центар „Капитол“ во скопската општина Аеродром денеска се оддржа седмиот „Фестивал на органска храна“. Организатор на манифестацијата е здружението на производители на органска храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија,а подржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На повеќе штандови им се нудат на потрошувачите разни видови овчо сирење, месо, компири, маслинки, ореви, бадеми, мед и други производи од органско потекло. Тој најави дека како ресорно Министерство преку Програмата за рурален развој ќе продолжат да ги субвенционираат земјоделците кои се занимаваат со производство на органска храна. Годинава за оваа намена биле предвидени околу еден ипол милион евра. - Во постојана комуникација сме со здруженијата за производство на органска храна со цел да видиме што ќе им биде потребно за да им излеземе во пресрет со дополнителни мерки со што уште повеќе би го поттикнале производството на органска храна, нагласи Костадиновски. На манифестацијата првпат годинава учествуваа и децата од градинката „Срничка“. |