- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Костадиновски: Годинава за рурален развој дополнителни 140 милиони денариDate of publication: 3 September 2014Годинава за рурален развој се обезбедени дополнителни 140 милиони денари кои до крајот на годината преку проекти треба да ги искористат општините од руралните средини во Македонија, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по денешната посета на Општината Чешиново-Облешево. Костадиновски ја почна работната посета во село Кочичино каде што е во тек изградбата на фекална канализација во должина од 7,5 километри, вредна 14 милиони денари. Средствата за овој проект се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Заменик-министерот го посети и мостот на Злетовска Река кај селото Жиѓанци со кој се поврзуваат општините Пробиштип и Чешиново – Облешево и за кои преку Агенцијата за рурален развој се инвестирани 14 милиони денари. Според градоначалникот на Општина Чешиново - Облешево Костадин Личков, општината од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството досега искористила 19 милиони денари за изградба на фекална канализација во населеното место Кучичино, за урбанистички план за населеното место Спанчево и за информативно-туристички табли во општината. Од вкупната вредност на средствата, Чешиново-Облешево учествува со 19 проценти. Од проектите што треба да бидат реализирани до крајот на годината Личков ги најави изградбата на патот Чешиново – Облешево во должина од 1.200 метри и решавање на водоснабдувањето за населените места Облешево – Чешиново, Чифлик и Уларци. |