- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Лозарите и винарите ги договорија откупните цени за грозјетоDate of publication: 30 August 2014Лозарите и винарите се договорија за минималните откупните цени на грозјето. За смедеревка со најмалку 17 шеќерни единици цената треба да биде 11 денари и 13 денари за вранец со 19 шеќерни едници на откупен пункт. Ова беше договорено на состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со претставници на лозарските здруженија и винарските визби во Кавадарци. И лозарите и винарите се согласни дека овие цени се најкоректни поради лошата сезона за грозјето годинава што ќе предизвика намалување на родот за 30 до 50 отсто. И винарските визби се соочуваат со проблеми поради намалувањето на цената на виното на светскиот пазар заради големата конкуренција од шпанските вина. За другите сорти винско грозје откупните цени ќе се одредат според квалитетот. Претходно, во текот на месецов ресорниот министер Цветков имаше најпрво одвоени средби со лозарите и винарите, а потоа одржа и една заедничка на која двете страни не успеаа да се договорат околу откупните цени на грозјето. |