Средба на министерот Цветков со лозари од тиквешкиот регион

Date of publication: 
6 August 2014
P8060165.JPG

Поради неповолните климатски услови годинава родот на грозјето ќе биде преполовен и очекуваме откупните цени да бидат поголеми од лани, истакнаа претставниците на здружението „ Агротиквешија“ на средбата со министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

 

Поради високите трошоци за заштита на насадите и помалиот род цена од 13 денари за килограм за смедеревката и 15 за вранецот  би била реална сметаат лозарите.

 

Министерот Цветков посочи дека и оваа година во рамките на своите надлежности министерството ќе се вклучува во подршката на овој сектор и во отстранувањето на сите можни тешкоти со кои се соочуваат лозарите и винариите.Законот за винарство ќе мора да се почитува, односно винариите доколку сакаат да се вклучат во откупот несмеат да имаат долгови кон лозарите.

 

Винарарските визби должници веќе го намалуваат долгот што дава оптимистички проценки дека стартот на откупот треба да биде на задоволство на двете страни.

 

Здружението „ Агротиквешија“ даде подршка за досегашните напори на министерството за решавање на долгогодишните проблеми , особено субвенциите кои,  како што посочија, го сочуваа лозарството од пропаѓање.

 

Во текот на наредните денови, истакна министерот Цветков ќе оствариме средба со поголемите винарски визби,а потоа и заеднички состанок со земјоделските здруженија и винарниците.