- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеDate of publication: 4 July 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков денеска во министерството за земјоделство се сретна со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и пратеникот од Куманово Зоран Ѓорѓиевски при што разговараа за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. На состанокот присутните се договорија во текот на денешниот ден да се најде техничко решение и да се направат заеднички напори да се пуштат дополнителни количини вода, со што би се решил моменталниот проблем со водоснабдување со вода за пиење на општина Куманово. Исто така присутните на состанокот се договорија во рок од пет дена двете страни да потпишат заемно прифатлив договор за долгорочно снабдување со вода кој е законски услов за испорака на вода. Водостопанство Кумановско Липковско Поле превзема обврска во рамките на своите можности веднаш да почне со дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово превзема обврска за редовно плаќање на фактурите согласно заеднички договорена цена и сервисирање на старите долгови спрема водостопанство Кумановско Липковско Поле. |