- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Цветков со претставници на мелничко - пекарската индустријаDate of publication: 27 June 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, и заменик министерот Зоран Коњановски,м денеска се сретнаа со претставници на мелничко пекарската индустрија. Овој состанок е продолжение од претходниот каде што се разговараше за претстојната жетва и откуп на пченицата. Заеднички со мелничко – пекарската индустрија се анализираа количините кои ќе се добијат од годинешната реколта, како и планираните количини кои треба да се откупат. Министерството за земјоделство ќе ги превземе сите потребни мерки кои се во негова надлежност со цел извршување на квалитетен откуп на пченицата од годинешнава реколта. Засилени контроли на граничните премини, но и на внатрешниот пазар од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за да се спречи увоз на неквалитетно брашно и пченица, како и примена на законските правила во производството и во откупот на лебното жито се дел од заклучоците кои беа донесени на денешниот состанок. Наредниот состанок на министерот Цветков и заменик министерот Коњановски со претставниците на здруженијата на земјоделци и мелничко – пекарската индустрија ќе се одржи во недела во Свети Николе. |