- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Состанок на министерот Цветков со здруженијата на земјоделциDate of publication: 26 June 2014Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков и заменик министерот, Зоран Коњановски денеска одржаа работен состанок со претставници на здруженијата на земјоделци. Тема на состанокот беше подготовките за жетва и откуп на пченицата од претстојната реколта. Со денешната средба започнуваат низата средби со производителите и преработувачите кои ќе придонесат за квалитетно извршување на жетвените активности. Земјоделците побараа на наредните состаноци да се вклучат и претставници на мелничко-пекарската индустрија со кои ќе се разговара за откупот на пченицата. Беше договорено од сите институции, а посебно од државниот инспекторат за земјоделство, будно да се следи ситуацијата со подготовката и текот на жетвата како и со самиот откуп на пченицата. Министерството за земјоделство, беше заклучено на состанокот, ќе ги преземе сите потребни мерки за да се создадат услови за навремен почеток и квалитетен откупот на пченицата. На крајот од состанокот беше договорено во наредниот период да се интензивираат и прошират состаноците со претставници од мелничко-пекарската индустрија, а првиот таков состанок да се одржи веќе во недела во Свети Николе. |