Посета на министерот Димовски на Млекара „Здравје-Радово“

Date of publication: 
31 March 2014
 1.jpg

Млекопреработувачката идустрија е во подем. Владините политики и субвенциите во овој сектор го зголемија сточниот фонд, но и производството на млеко. Сето ова придонесе повеќе да нема нестабилност во производството на млеко ниту пак нестабилност во неговиот откупот истакна министерот Димовски. Според него посебно радува фактот  што покрај производството и самиот квалитет на млекото оди во нагорна линија.
„Веќе млекопроизводителите се свесни дека имаат сигурност, имаат сигурен партнер во министерството кое што води грижа за нивните интереси и тоа особено ни е драго. Од друга страна пак задоволство е да се слушне дека самите откупувачи на млеко веќе откупуваат од производителите млеко со повискока класа, со повисока категорија, не е сето тоа сеуште доволно, меѓутоа и тука е трендот во нагорна линија.“ рече министерот Димовски.
Голем удел во позитивните резултати кои ги бележи млечната индустрија имаат  владините мерки, велат преработувачите. Според нив сите овие мерки биле успешни затоа што во подготовката на истите  учествувале и тие, но и самите фармери.
,,Самото министерство вложи многу во земјоделието, посебно во млечната индустрија. Аналогно на тоа ние компаниите или дел од компаниите исто така вложивме многу во објекти, во линии, во суровина, во обука, во луѓе и така натаму.“ рече Јован Дабовски – сопственик на Здравје – Радово.
Минатата година во Македонија  од страна на преработувачките капацитети биле откупено над 100 милиони литри млеко. По основ на предадено млеко на млекопроизводителите им биле исплатени над 350 милиони денари субвенции.