- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на Основачкото собрание на Македонската Национална Асоцијација на ВинарииDate of publication: 10 March 2014Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, присуствуваше на Основачкото собрание на Македонската Национална Асоцијација на Винарии. „Поради тоа и во оваа прилика, уште еднаш би сакал да ве уверам дека министерството ќе продолжи и понатаму со големо внимание и несмален интензитет, со сериозен, посветен, и пред сè партнерски однос во поддршката на винарството, со цел од една страна постојано да се надградува партнерство меѓу нас, а од друга страна, да се подобри и зајакне имиџот на Република Македонија како земја на виното, придонесувајќи кон зголемување на придобивките од поголема потрошувачка, извоз и препознатливост на македонското вино во заеднички интерес на сите нас.- рече министерот Димовски. На Основачкото собрание на Македонската Национална Асоцијација на Винарии присуствуваа 35 винарски визби основачи на асоцијацијата, чии цели се: остварување и усогласување на поединечните и заедничките интереси на членовите на здружението, утврдување на приоритети за развој на винарството и лозарството во Република Македонија, зголемување на препознатливоста и извозот на македонските вина со додадена вредност на регионалните и меѓународните пазари, развој на винската култура во земјата и зголемување на домашната потрошувачка на вино и унапредување на односите помеѓу сите чинители во винскиот сектор во Република Македонија. Во рамките на Собранието, за потребите за регистрација на Македонската Национална Асоцијација на Винарии во Централниот регистар на РМ, како и за идно дејствување на асоцијацијата, беа донесени основните акти на асоцијацијата, Акт за основање на Македонската Национална Асоцијација на Винарии, Статут на Македонската Национална Асоцијација на Винарии и Програма за работа на Македонската Национална Асоцијација на Винарии за 2014 година и беа избрани нејзините органи, Претседател на Собранието, Претседател и членови на Управниот одбор и Претседател и членови на Надзорниот одбор на Македонската Национална Асоцијација на Винарии. Се очекува веднаш по регистрирањето на асоцијацијата, истата активно да започне со реализација на своите активности во остварување на своите цели. |