Соопштение

Date of publication: 
31 January 2014

После денешниот протест на мал дел од земјоделците од струмичкиот регион,  должни сме да ја известиме јавноста дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство се во постојана комуникација и договор со индивидуалните производители на тутун, легитимните Здруженија на тутунопроизводителите и откупните претпријатија и ги превземаат сите неопходни мерки за нормално спроведување на откупот на тутун.
Динамиката за откупот на тутун се интензивира а тоа се докажува и со тоа што од денеска, за забрзана динамика на откупот, компаниите се задолжени идниот месец да вршат интензивен откуп, и за време на викнедите, со загарантирана минимална количина по вага, не по пункт.
Со ова всушност сакаме да влееме сигурност кај производителите, дека навистина внимаваме на нив.
Средбите со менаџерите и директорите на откупните компании се одржуваат редовно, на неделно ниво, понекогаш и почесто.
Оваа Влада веќе 5 години наназад исплаќа по 60 денари за килограм произведен и предаден тутун.
Од 15 декември, кога почна редовниот откуп, преземени се 17,850 милиони килограми ориентален ситнолистен тутун што е 58 отсто од вкупниот род. Останува за откуп уште помалку половина од реколтата. Просечната откупна цена е 154 денари за килограм.
Министерството за земјоделство будно ги следи состојбите и бараме од откупните претпријатија Законот за тутун да се почитува во целост. Секој тутунар што смета дека е оштетен при проценката треба да се обрати до Инспекторатот за земјоделство за да се направи повторна проценка од страна на Второстепената комисија.
Посветеноста на Владата кон тутунарите, се гледа во прецизните правила за откуп дефинирани во Законот, како и во поддршката од 60 денари за килограм. Годинава ќе бидат исплатени 30 милиони евра субвенции за тутунот.
Контролите од државниот инспекторат проодлжуваат, на терен се сите 45 инспектори. Досега за прекршување на законските прописи се изречени 10 казни во вкупна вредност од 150.000 евра.
Во Македонија, има сериозен закон, мошне прецизен, со кој се регулираат тутнот и неговите преработки. Законот мора да се почитува со цел заштита и финансиска сигурност на тутунопроизводителите-кооперанти  кои треба да ја добијат соодветната цена за родот во утврдениот рок по предавањето.

Затоа порачуваме на дека државата како и секогаш во овие последни седум години ги превзема сите неопходни мерки во нејзино располагање за реална поддршка, а не само финансиска, на секторот и на самите земјоделци.