- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Димовски со францускиот амбасадор ОерDate of publication: 31 January 2014Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со амбасадорот на Франција во Република Македонија НЕ Лоранс Оер. Амбасадорката Оер истакна дека до амбасадата постојано стигнуваат барања за соработка во областа на земјоделството, а посебно во делот на винарството и сточарството. Таа рече дека Франција и Македонија имаат што да понудат во областа на винарството. – Не сакаме да соработуваме само во комерцијална смисла, туку и во креативниот дел и би сакала да ја истакнам нашата беспрекорна соработка со Винарската визба Тиквеш во областа на енологијата – рече амбасадорката Оер. На средбата со министерот Димовски дојде со конкретно барање од Регионалното европско здружение за винарство од Франција, кое е здружение на региони на европско ниво, за соработка и членување на македонските здруженија за вина од Македонија. Министерот Димовски рече дека Министерството и Република Македонија посветуваат големо внимание на односите и соработката земјите членки на европската Унија, и сме заинтересирани за градење на поблиски односи со Франција посебно во делот на земјоделството. – Нам ни е битно членството во што повеќе организации за вино, затоа што винарството е сектор во кој во изминатите неколку години вложуваме значајни средства, а она што ни претставува особено задоволство е подигнувањето на квалитетот на виното – истакна министерот Димовски. - Македонија како држава многу повеќе произведува вино, отколку што може да потроши, и тоа не принудува преку производство на квалитетно вино и промоција на надворешните пазари да го зголемиме извозот на вино – рече министерот Димовски. Доколку има француска компанија која е заинтересирана за инвестиција во земјоделството, преку Вас упатуваме покана да дојде во Република Македонија и одблиску да се запознае со можностите за инвестирање - истакна министерот Димовски. За крај – рече министерот Димовски – би сакал да кажам дека во делот на земјоделството, во поглавјата 11, 12 и 13 министерството за земјоделство веќе петта година по ред од Европската Комисија добива позитивна оценка, 95 проценти од законодавството во земјоделството е хармонизирано со европската легислатива, што ни дава за право уште поагресивно да вложуваме во земјоделството. Секоја година го зголемуваме извозот на земјоделски производи и вино, а со тоа и производството со што земјоделството стана трет сектор во државата. Амбасадорката се заблагодари за насоките од министерот Димовски за областите во кои може да се оствари соработка и истакна дека лично ќе се заложи за интензивирање на соработката меѓу двете земји, посебно во земјоделството и упати покана до министерот Димовски од министерот за земјоделство на Франција, г.Лефон во текот на годината да ја посети Франција и да остварат средба. |