- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Отворена подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство во ВевчаниDate of publication: 28 December 2013Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија денеска отвори подрачна единица во општина Вевчани. Отворањето на оваа подрачна единица, како што истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, е резултат на беспрекорната соработка со градоначалникот на општината Цветомир Угриноски, како и со сите луѓе од овој регион кои се заинтересирани за земјоделството. - Посветуваме големо внимание на Вевчани, кое има големи потенцијали за производство на добри земјоделски производи, за развивање на земјоделскиот сектор, за преработувачки капацитети, ама истовремено е бисер на руралниот туризам во Македонија и заслужува внимание, не само преку отварање подрачна канцеларија, туку и конкретна финансиска поддршка во делот на развојот на сите програми што ги има зацртано градоначалникот, изјави министерот Димовски. Следната година, како што најави тој, е предвидено програмата за финансиска поддршка да изнесува 140 милиони евра од кои 30 милиони се предвидени за финансиска поддршка на руралниот развој. - Вевчани е таква општина којашто може да ги искористи овие средства. Со градоначалникот веќе сме во подготовка за поднесување проекти кои се од значење за општината и кои што може да бидат имплементирани односно реализирани со стопроцентна финансиска поддршка, со покривање на сите финансиски трошоци преку министерството. Врз основа на дефинираните мерки, објавувањето на оглас, реализација на проектот има претходна исплата на 20 отсто од страна на платежните агенции, и конечно, по реализацијата на проектот следи покривање на сите преостанати трошоци, додаде министерот Димовски. Потенцирајќи го значењето на подрачната канцеларија на Министерството, вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски рече дека во текот на изминатите две децении во општината имало огромен застој во развојот на земјоделството и сточарството. - Веќе е распишан оглас за доделување земјиште на граѓаните. Ќе го вратиме земјоделството како во старите добри времиња кога имаше насади со винова лоза, жито и слично. Сега ќе биде уште подобро зашто оваа гранка оди напред, а ја имаме и комплетната поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изјави Угриноски |