- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Македонија и Албанија ја интензивираат соработката во земјоделствотоDate of publication: 16 December 2013Зголемување на размената во земјоделството преку интензивна соработка меѓу надлежните институции и бизнис заедниците од двете земји, договорија денеска ресорните министри на Македонија и Албанија Љупчо Димовски и Едмонд Панарити. Димовски и Панарити на средба во Скопје се согласија дека се неопходни засилени мерки за заштитата на охридската пастрмка. Ќе се спроведуваат ригорозни контроли на риболовот од албанска страна, но и заеднички иницијативи за зачувување на биодиверзитетот во Преспанското езеро. - Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања, ниту какви било проблеми, но соработката мора да се унапреди зашто размената е многу мала. За таа цел ќе формираме работна група преку која ќе се координираат натамошните институционални активности, рече министерот Димовски на прес-конференција по средбата. Според министерот Димовски, Македонија на албанскиот пазар може да пласира градинарски производи и овошје, а оттаму да увезе морски плодови, лимони, портокали, маслинки и маслиново масло. Изразувајќи задоволство од конструктивноста на разговорите, министерот Панарити напомена дека Албанија мора да го следи македонскиот пример за обезбедување финансиска поддршка во земјоделството. - Заинтересирани сме за вашите искуства во однос на субвенционирањето и успехот од распределбата на поддршката. Тоа е и една од причините зашто дојдовме, да научиме од вас околу креирањето на политиката на финансиската поддршка и тоа да го примениме во Албанија, посочи министерот Панарити кој пристигна во Македонија со директорката на Платежната агенција на Албанија. Министрите Димовски и Панарити по средбата во Министерството за земјоделство заминаа во посета на Платежната агенција каде албанските претставници директно ќе имаат можност да се запознаат со реализирањето на ИПАРД средствата и државната поддршка. Во насока на интензивирање на аграрната соработка, министерот Димовски најави скора посета на Албанија со група стопанственици. |