- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министрите Димовски и Наумоф се сретнаа со израелски бизнисмениDate of publication: 6 December 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф, денес се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во Република Македонија. На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар. Министерот Димовски истакна дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи. Бележиме континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи. Поради поволните климатски и почвени услови, истакна министерот Димовски, во Македонија за разлика од другите земји во регионот се произведуваат земјоделски производи кои се препознатливи и на Европските пазари, а тоа пред се се должи на строгата фитосанитарна контрола и на употребата на современи агротехнолошки мерки. Нашата земја е голем произведувач на земјоделски производи кои во најголем дел се извезуваат на пазарите на ЕУ, а во последните неколку години и на Рускиот пазар каде се бележи огромно зголемување на извозот. Исто така министерот Димовски подетално ги објасни начинот и условите за добивање на државно земјоделско земјиште под закуп за подигање на нови овошни насади. Гостите изразија благодарност до министерот Димовски и министерот Наумоф за средбата и за исцрпните информации за состојбите и можностите на македонското земјоделство и изразија подготвеност во најкраток рок да почнат со инвестирање во земјава. |