Средба на министерот Димовски со новоименуваниот постојан претставник на Мисијата на УНДП во Скопје, Луиза Винтон

Date of publication: 
4 December 2013
PC040072.JPG

На денешната средба на министерот Љупчо Димовски со новоименуваниот Постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на Мисијата на УНДП во Скопје, Луиза Винтон беше истакната и потврдена досегашната успешна соработка меѓу министерството за земјоделство и Мисијата на УНДП во Скопје. Оваа соработка се очекува да се развива и во иднина имајќи ги предвид потенцијалите на нашата земја во земјоделството како важна гранка на стопанството, со цел подобрување на стандардот на живеење на населението во руралните средини.

На состанокот се разговараше за повеќе прашања од областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој каде што УНДП понудија техничка и експертска поддршка за подготовка на секторите во процесот на ЕУ интеграции.

Министерот Димовски накусо информираше за политиките на Владата на Република Македонија во областа на земјоделството и руралниот развој согласно Петгодишната национална програма за земјоделство и рурален развој 2013-2017 и процесот на подготовка на стратешката рамка за наредниот период.

Воедно се заблагодари на досегашната успешна соработка и целокупната помош и експертска поддршка од тимот на УНДП.

Госпоѓата Винтон се заблагодари на министерот за презентацијата и истакна дека има многу области кои се поврзани со македонското земјоделство во кои можат да дадат експертиза од нивна страна, посебно во делот на воспоставување на системите за акредитирање на нови ИПАРД мерки, план за справување односно ублажување на последиците од климатските промени во земјоделскиот сектор итн.

На крајот од средбата беше уште еднаш потенцирана заедничката заложба за продолжување на дијалогот околу сите важни прашања за двете страни, како основа за развивање на успешна идна соработка.