- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Координативен состанок на министерот Димовски со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун во пресрет на откупната сезонаDate of publication: 3 December 2013Министерот Љупчо Димовски, заедно со заменик министерот Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство денес одржаа работен состанок со претставници од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите и генералните менаџери на Сокотаб, Алијанса Оне и Струмица Табак. На состанокот се отворија сите актуелни прашања поврзани со откупот на тутун во оваа откупна сезона како и за почетокот на редовниот откуп на тутун. Од страна на претставниците на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите е нагласено соочувањето со низата неправилности на терен при откупот на тутун, односно на ригорозната проценката на квалитет на тутунот, особено на меѓу класите, уште на почетокот на откупната сезона. Од страна на претставниците на откупувачките компании е потенцирано на фактот дека откупот се одвива на повеќе откупни пунктови и, како и минатите години, процедурата е идентична, а за сомнителните бали кои се доставени од тутунарите, второстепената комисија ја оценува проценката дали е во согласност со правилата. Заклучено е за потреба од итно премостување на ситуацијата, особено на недовербата која што во моментов постои. Исто така, сите вклучени страни во процесот во откупот на тутун се заложија за интензивна меѓусебна комуникација и соработка во насока на зајакнување на довербата и отсранување на било какви шпекулации и манипулација на тутунарите. Од Државниот инспекторат за земјоделство е информирано за евидентирани забележани неправилности на откупните пунктови за вршење на паушална проценка на квалитетот на тутунот. Нагласено е преземањето уште посериозни мерки од страна на ДИЗ, со постапување, покрај Законот за тутуни и тутунски производи, и според Законот за Државен инспекторат за земјоделство, со кој се предвидени санкции со суспензија за оние кои што неправилно работат. Во периодот што следи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Државниот инспекторат за земјоделство, како контролен орган, ќе оствари увид на сите евиденции и информации кои ќе се побараат од откупувачите. Единствен е ставот за исклучување на било каква манипулација на тутунопроизводителите, особено поттикната од политички мотиви која од двете страни е осудена, а откупувачките компании, согласно закон и утврдените правила, да го вршат откупот на тутун. Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до сите тутунопроизводители кои се незадоволни од проценката на предадениот тутун без исклучок да го известат Државниот инспекторат за земјоделство и да побараат повторна проценка од второстепената комисија која законски е обврзана тоа да го стори во рок од 3 дена. |