- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеDate of publication: 26 November 2013Следејќи ги таканаречените успешни теренски посети на водечката четворка на СДСМ може да се констатира дека конечно на виделина излезе на кој начин СДСМ „двојно“ ќе ги зголемува субвенциите за земјоделците – секако на нив својствен начин со кратење од најранливите категории на мали земјоделски стопанства. Всушност, СДСМ двојно ќе ги зголеми субвенциите на сметка на намалување на исплатите на малите фарми. Еве како СДСМ ќе исплаќа „двојни субвенции“: Македонското земјоделство се карактеризира со 90% мали земјоделски стопанства чиј просечен принос на пченица изнесува едвај 2 тони по хектар. Поставувајќи ја границата на принос за поголеми субвенции над 3 тони по хектар значи дека можеби само 10% од земјоделските стопанства ќе ја користат оваа „ветена придобивка“. Останатите, според СДСМ, доколку сакаат поголеми субвенции едноставно нека си копаат бунари! Постоењето и специфичните состојби на „мали земјоделски стопанства“ кои се околу 50% од вкупната структура на фарми на ниво на ЕУ, ја натера Европската Унија да ја реформира својата земјоделска политика кон креирање на посебни пакети за поддршка на малите фарми во периодот 2014-2020. И додека Европа и светските организации за храна и земјоделство годината 2014 ја најавуваат како година на малите фарми, СДСМ најавува нивно целосно уништување! Од изјавите на челните луѓе во СДСМ се гледа дека веќе долги години не влегле во оранжерија, ниту помирисале свежо изорана нива, односно не ни се симнале од тронот на којшто седат сонувајќи за сите, но реализирајќи за себе. Грабајќи се по капиталот на комбинатите и директорските места по оранжериите кои ги приватизираа во сопствена корист, го упропастуваат македонското земјоделство. Македонското земјоделство и македонскиот земјоделец денес е поинаков од оној којшто го доживуваат и третираат како граѓанин од втор ред којшто постојано го омаловажуваа за време на нивните мандати и којшто продолжуваат да го манипулираат со нивните памфлет политики на еден лист хартија. Ветувањето дека СДСМ ќе ја распределува земјоделската земја на вистинските земјоделци претставува уште еден бисер на, пред се непознавање на состојбата, но истовремено и на колективната амнезија за начинот на кој токму тие до 2006 тоа го правеа. Само едно потсетување за нив, над 96.000 хектари државно земјоделско земјиште СДСМ поддели, распредели или поклони или уште поточно украде од малите земјоделци доделувајќи го на свои само 412 земјоделци! Вистински земјоделци за СДСМ се токму овие кои приграбија огромни површини земјоделска почва. Но, уште еднаш да ги потсетиме "многу стручните и загрижени во СДСМ"- Владата на Република Македонија во 2006 година направи ребаланс на буџетот да им го исплати на тутунарите она што тие им го ветија во 2005 година и години наназад, го корегираше токму од нив зголемениот ДДВ во земјоделството од 18% на 5% и 0%, донесе повеќегодишни програми за развој на земјоделството со јасни критериуми за распределба на субвенциите – денес корисници на субвенции се околу 100.000 земјоделски стопанства, а за време на мандатите на СДСМ едвај 1000, денес целокупното државно земјиште се користи за земјоделско производство со 12.000 склучени договори на транспарентен начин, а во времето на СДСМ едвај 100 тина повеќето со непосредно спогодување... Евидентно е дека впрочем СДСМ „пука од мака“ што Владата на Република Македонија исплаќа 500 милиони евра и најавува зголемување и тоа во делот на подобрување на системите за наводнување, проширување на мрежата за наводнување, развој на патната инфраструктура во руралните средини, поттикнување на инвестиции во набавка на механизација и опрема во земјоделството, отварање на модерни откупно-дистрибутивни центри и многу многу реални проекти за достоинствен живот на македонскиот земјоделец и подобрување на квалитетот на живот во селото. СДСМ "пука од мака" и за по петти пат позитивниот извештај на ЕК во делот на земјоделството. Впрочем и во дискусијата на матичната собраниска комисија СДСМ тоа не се ни трудеше да го сокрие! Владата на Република Македонија со задоволство го прифаќа епитетот земјоделско-селанска Влада и има една единствена цел - да го подигне достоинството на земјоделецот, да му помогне да го одржи земјоделското производство и да постигне повеќе. |