- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министрите за земјоделство на Македонија и Словенија, Љупчо Димовски и Дејан ЖиданDate of publication: 25 October 2013Македонија во делот на земјоделството направи многу важни и тешки чекори во приближувањето кон Европската унија, оцени денеска словенечкиот министер за земјоделство и животна средина Дејан Жидан, кој престојува во посета на Скопје. По средбата со министерот Љупчо Димовски, словенечкиот министер изјави дека Македонија е на добар пат и оти ја има поддршката од Словенија. - Важно е дека она што треба да се направи, мора да се направи на време затоа што во моментот кога ќе се забрза процесот на приклучување кон ЕУ, тогаш нема време. Тоа треба да се направи навреме и тогаш е можно да се користат сите европски фондови кои ви се на располагање. Македонија е на добар пат во делот на земјоделството и сакам уште еднаш да истакнам дека онаму кадешто треба помош, Македонија има пријател кој се вика Словенија, нагласи Жидан. Двајцата министри изразија задоволство од досегашната соработка на ниво на министерства и од зголемувањето на трговската размена меѓу двете држави во делот на извозот и увозот на земјоделски производи. - Годинава имаме добри резултати. Минатата година соработката беше 189 милиони евра, а во првите шест месеци од годинава достигна околу 106 милиони евра што е за 16 проценти повеќе од лани. Тоа е последица на големиот ангажман на двете министерства, оцени Жидан. Од македонска страна е иницирано да се зголеми пласманот на градинарските производи за потребите на словенечкиот пазар. - Имаме плодна соработка. Од наша страна беше инсистирано да го зголемиме пласманот на нашите градинарски производи за потребите на словенечкиот пазар, но и за потребите на словенечката преработувачка индустрија, истакна министерот Димовски. Тој додаде дека Македонија има голема поддршка од Словенија во делот на синхронизацијата кон европската регулатива, но и техничка поддршка за реализација на низа проекти. Словенија, пак, од Македонија ќе ги користи искуствата што државата ги има во делот на наводнувањето. - Словенија, за разлика од Македонија, нема многу искуства во делот на наводнувањето. Знам дека Македонија во овој поглед има многу искуства и сакаме нив да ги искористиме. Одлучивме во 2014 година во преден план да биде водата. Ќе основаме нов директорат за вода и ќе се подговиме за инвестиции во наводнувањето, рече Жидан. На средбата е разговарано и за повеќе прашања во делот на фитосанитарната политика и садниот материјал. На 1 ноември во Словенија ќе се одржи состанок на Комисијата на земјоделска соработка меѓу Македонија и Словенија. |