- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Димовски со претставници од Светската банка и Европа РеDate of publication: 21 October 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во министерството за земјоделство одржа состанок со претставници од Светската банка и Европа Ре, во рамки на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), кој е регионален Проект и во кои се вклучени Република Македонија, Република Србија и Република Албанија. Целта на состанокот беше да се добијат дополнителни информации за осигурителниот пазар во Република Македонија, како и да се зајакне соработката со релевантните институции за нормално одвивање на понатамошните проектни активности. Претставниците од Светска банка го информираа министерот Димовски за текот и активностите на проектот. Целта на овој Проект според нив е создавање на осигурителни производи за ризик од катастрофи и неповолни временски услови, при што посебен акцент беше ставен на развој на осигурителни производи наменети за потребите на земјоделците. Со идентификување на ризикот кој го погодува земјоделското производство, Европа Ре ќе настојува да создаде соодветни осигурителни производи за земјоделскиот сектор во Република Македонија, а со тоа ќе придонесат за зголемување на пенетрацијата на осигурителниот пазар во државата. Во целиот проект, улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да дејствува како кординатор во комуникацијата помеѓу земјоделските организации и самите земјоделски производители, како и да допринесе со доставување на податоци кои се водат во министерството. Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF) е инициран од страна на Светската Банка, а имплементиран од страна на Europa RE Facility под покровителство на Владата на Република Македонија. |