- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Јавен повикDate of publication: 14 October 2013Министерството за земјоделство, шумарство и водостоапнство распишува
ЈАВЕН ПОВИК За доставување на иницијативи за продажба на земјоделско земјоделско земјиште дадено под закуп
Министерството за земјоделство, шумарство и водостоапнство ги известува правните и физичките лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост врз основа на важечки договор за закуп, дека е во тек изработка на Годишната Програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопсвеност во која ќе бидат определени површините кои ќе бидат предмет на продажба. За таа цел се ПОВИКУВААТ сите правни и физички лица кои се заинтересирани да си го купат земјоделско земјиште во државна сопственост кое го користат врз основа на важечки договор за закуп, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостоапнство да достават иницијатива за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост предмет на договорот за закуп, како би можело истото да биде опфатено со Годишната Програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопсвеност. Продажбата на земјоделско земјиште за кое ќе биде доставена иницијатива ќе биде извршена по пат на јавен оглас и електронско јавно наддавање во постапка пропишана со Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост (Службен весник на РМ бр.87/13, 106/13 и 137/13). Согласно наведениот закон, при продажбата на земјоделско земјиште во државна сопственост за кое постои договор за закуп кој е на сила, право на првенство на купување има постојниот закупец. Правото на првенствено купување се остварува со прифаќање и плаќање на највисоко постигнатата цена на земјиштето на електронското јавно наддавање. Правото на на првенствено купување можат да го остварат само закупци кои уредно ги исполнувале обврските од договорот за закуп, кои ги подмириле сите обврски за плаќање на закупнината и кои немаат неподмирени јавни давачки и обврски по основ на неплатена водарина и пашарина. Во случај кога на земјиштето се засадени долгогодишни насади, предмет на продажба ќе биде земјиштето заедно со долгогодишниот насад, при што во постапката за утврдување на почетната цена на јавното наддавање се доставува проценка на вредноста на земјоделското земјиште и проценка на вредноста на долгогодишниот насад, кои заеднички ја сочинуваат проценетата вредност. Доколку после јавното наддавање се постигне повисока купопродажна вредност на таквото земјиште, а закупецот не го искористи правото на првенствено купување, поранешниот закупец на земјиштето за долгогодичниот насад од купопродажната цена ќе добие средства во висина на проценетата вредност на насадот, Проценката на вредноста на земјиштето и на вредноста на долгогодишниот насад, која вредност претсавува и почетна цена на јавното наддавање, ја врши Бирото за судски вештачења врз основа на Методологијата за процена на земјоделско земјиште во државна сопственост и насади сопственост (Службен весник на РМ бр.130/13) и Методологијата за процена на вредноста на средствата во земјоделството (Службен весник на РМ бр.171/11. Сите останати податоци за начинот и времето на распишување на Јавниот оглас за продажба на земјиштето за кое ќе биде доставена иницијатива за продажба, ќе бидат објавени во Одлуката за продажба на земјиштето која ја донесува Владата на Реапублика Македонија. Иницијативите за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост предмет на договорот за закуп потребно е да се достават најдоцна до 22.10.2013 година. Во прилог на Иницијативите потребно е да се достави и геодетскиот елаборат за површините предмет на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Иницијативите за продажба се доставуваат до Министерството за земјоделство, шумартсво и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 1000 Скопје. За сите останати прашања во врска со овој јавен повик заинтересираните лица можат да се обратат во просториите на Министерството, за земјоделство, шумарство и водостопанство или на телефон 023134477 локал од 122. |