Резултатите над очекуваното од пробното производство на турските сорти ориз

Date of publication: 
28 September 2013
JPG

Резултатите од проектот за пробното производство на турски сорти ориз во Кочанско се над очекуваното. Квалитетот на зрното е подобар, даваат поголем принос и порано зреат.

Ова го оцени министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета во Кочани во чии рамки присуствуваше на презентацијата на новите сорти ориз во Земјоделскиот институт.

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати проектот на Турската агенција ТИКА и пролетва на површини под ориз од 5 декари на Земјоделскиот институт се насеани 9 турски сорти ориз. Исто така на површините на 20 земјоделци во Кочанско се насеани пробни колични на турски сорти ориз, истакна министерот Димовски.

Тој додаде дека соработката ќе продолжи како проект и идната година и ако се потврдат очекувањата во приносите и квалитетот ќе продолжи производството.

Според него турскиот пазар е голем па оттука и пласманот на оризот ќе се реализира во целост и нема да треба како досега да бараме пазари за извоз.

Турската агенција ТИКА е задоволна од пробното производство на ориз во кочанскиот крак, Проектот ќе продолжи понатму, истакна Махмуд Чевик од агенцијата ТИКА за Македонија.

- Промената на сортите ориз во Кочанско ќе зачи и можност повеќе земјоделците да се запознаат со нови сорти ориз кои даваат поголеми приноси, рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Посетата на министерот Љупчо Димовски се реализира во рамки на стопанско културната манифестација Денови на Кочанскиот ориз. Во текот на утрешниот ден министерот Димовски ќе присуствува на почеток на оризова жетва на традиционален начин и вршидба на гумно кои ќе се оддржат во с.Горни Полог.