- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на саемот за свежо овошје и зеленчук - Светот на хранатаDate of publication: 17 September 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчo Димовски денеска го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук – Светот на храната кој се одржува секоја година од 16-20 септември во Москва. Саемот е поставен на вкупна површина од 56.240 м2 и преставува одлична можност за воспоставување на бизнис односи помеѓу субјектите на двете земји. Со поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година учествуваат познати 12 компании, меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус итн. Поддршката се обезбедува за поорганизиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи - квалитетното македонско вино и свежиот и преработен зеленчук и овошје на пазари на кои е недоволно промовирано македонското земјоделско производство. Министерот Димовски го посети македонскиот штанд каде што се сретна со македонските изложувачи на саемот. Како што истакна министерот Димовски на средбата со македонските изложувачи на саемот, ваквите саеми, претставуваат одлична можност за стопанствениците за остварување на деловни контакти, а министерството за земјоделство и натаму ќе продолжи да ги поддржува настапите на македонските фирми на поголемите и поважните саеми за земјоделство и храна. |