Презентација на македонските вина на кинескиот пазар

Date of publication: 
13 September 2013

Македонските вина од пет винарии се презентираа на саемот кој од денеска 13 септември се организира во шест милионскиот Хефеи главен град на кинеската провинција Анхуи. Саемот преставува одлична можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит на 80 милионскиот пазар на оваа кинеска провинција.

Во насока на поддршка на пласманот на македонските вина на големиот кинески пазар, како дел од осмиот Форум за трговска и економска соработка во земјоделството помеѓу Кина и земјите на централна и источна Европа, македонската страна предводена од државниот советник во Министервото за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски оствари повеќе корисни средби.

Превземање на нови инцијативи за понатамошно продлабочување на соработката и подобрување на маркетингот на нашето вино на кинескиот пазар беше договорено на средбите со помошник министерот на кинеското министерство за земјоделство г-ин Нуи Дун, гувернерот на провинцијата Анхуи г-ин Ванг Ксуејун и генералниот секретар на кинеската асоцијација на увозници и извозници на вино CAWS, господинот Ванг Ксувеи.

Инаку активностите на овој саем се втора од трите планирани манифестации за 2013 година кои се  предвидени во програмата на Владата на Република Македонија и МЗШВ за организано преставување на македонските вина на перспективниот кинески пазар.