- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски го отвори пливачкиот маратон, „Дојрански спортски ракувања 2013“Date of publication: 7 September 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес во Дојран ги отвори „Дојранските спортски ракувања 2013“ и пливачкиот маратон кој веќе по вторпат традиционално се организира во Дојран. Според министерот, особено радува фактот што се гледа дека повеќегодишното успешно полнење на водите на Дојранското Езеро jа подигна свеста и односот кон езерото, кое од своја страна ни овозможува организирање и на спортски манифестации кои во јавноста дополнително ќе го популаризираат Дојран, но и ќе го зголемат интересот за Дојранското Езеро. - Со враќањето на водата во езерото се овозможи да се дадат на концесија рибите од риболовната вода Дојранско Езеро за вршење стопански и оранизирање рекреативен риболов истакна министерот Димовски. Министерот Димовски посочи дека со риболовната основа, стручна студија за начинот на стопанисување со рибите во риболовната вода утврдени се риболовните и рекреативните зони, односно местата на кои се врши стопански и местата на кои ќе може да се организира рекртеативен риболов, како и дозволената риболовна опрема, алат и прибор за изведување на риболовот, кој се врши со употреба на “мандри“ и корморани со старите традиционални дојрански чамци-кораби и соодветен риболовен алат и комерцијален риболов на отворена вода. -Согласно основата, а во функција на зголемување на рибниот фонд, Владата на Република Македонија во предвидените мерки во годишните програми обезбедува и финансиски средства за порибување на Дојранското Езеро. Во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата во 2013 година се предвидени 1 милион денари за обезбедување на 10 - 50 илјади единки подмладок од автохтон крап со различна возрасна структура, со кој треба да се пориби езерото до крајот на месец октомври согласно динамиката на активности предвидени од регистрираниот репроцентар УКИМ Институт за сточарство - мрестилиште Топлец кој е вршител на активностите - истакна министерот Димовски. За крај министерот Димовски им се заблагодари на организаторите на манифестацијата, а на маратонците им посака успешна трка. |