- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеDate of publication: 7 August 2013Серијалот на патетични соопштенија за земјоделството на „стручните и загрижени“ во СДСМ, односно пратеничката Николовска продолжува. Особено е загрижувачко тоталното непознавање на материјата и дрскоста со која се обраќаат во јавноста со наводни предлози. Но, во оваа прилика само ќе запрашаме, кога било која Влада раководена од СДСМ има воопшто извршено било каков откуп за било кој земјоделски производ? Дали можат да дадат одговор? Ниту имаат извршено интервентен откуп, ниту пак можат да дадат одговор, ниту пак им е познато како сето тоа може да се оствари. Во сета измешаност на ставови, засновани пред сѐ на наслушнато и недоразбрано се манипулира со интервентен откуп по интервентна цена, но таа да не биде пониска од 15 денари за килограм. Истовремено пак, се укажува дека Владата врши притисок врз мелничарите да вршат откуп по нереална и висока цена од 15 денари за килограм. Прашуваме која е за нив во овие два случаи реална цена, дали онаа која тие ја препорачуваат како интервентна или онаа која ја сметаа за висока по која мелничарите самите се обврзале да вршат откуп? И дали воопшто имаат пресметано која би била висината на интервентната откупна цена и дали воопшто им е позната висината на производната цена како индикатор во формирањето на интервентната цена, вкрстена со просечната откупна цена на слободниот пазар? И конечно, уште едно прашање до „загрижените и стручните“ во СДСМ и Николовска кој всушност има увезено големи количини пченица која сега претставува отежнувачки фактор врз динамиката на откупот на домашната пченица. Дали воопшто имаат сознанија, дека немаат подготвено соодветна анализа и тоа секому му е јасно, каква е структурата на увезената количина пченица по субјекти кои имаат сопствени мелнички капацитети или не располагаат со нив? И дали воопшто им е познато кој и зошто и врз која основа има увезено брашно на домашниот пазар? Патем, дали можат да одговорат на повеќе пати изречената лага која сакаат да ја истуркаат како вистина, кои се тие 20 мелничари кои ги затвориле своите капацитети? Да ги потсетиме, да не мислат на оние кои ги украдоа државните резерви со пченица за која државата им плаќаше да ја чуваат. Дали „загрижените и стручните“ во СДСМ и Николовска можеби сакаат некого да заштитат, всушност дали тие признаваат дека треба да се заштитат оние кои ја имаат украдено државата? Сите „загрижени и стручни“ во СДСМ и Николовска треба да одговорат со која постапка Министерството и Владата кај нив оставиле впечаток дека го прифаќаат неписмениот заклучок дека состојбата со откупот е „загрижувачка“? И зошто сите тие во СДСМ и Николовска сметаат дека врз основа на Закон легитимните социјални партнери на Министерството за земјоделство се „таканаречени лидери на земјоделците“? Дали има крај дрскоста во СДСМ и кај Николовска по сопствено толкување да имаат селективност во изборот на легитимноста на претставниците на земјоделците, и врз основа на што сметаат дека се создава подделба меѓу земјоделците производители на пченица и мелничарскиот сектор? Министерството и Владата заедно со легитимните претставници на сите форми на здружување на земјоделците и претставниците на мелничкиот сектор мошне успешно се справуваат со откупот на пченицата од овогодишната реколта. Совети од квази познавачи на земјоделската проблематика не се потребни, затоа што зад наводната грижа всушност се крие намерата за создавање штета врз интересите на земјоделците и мелничарите воопшто. И конечно, да ги смириме „загрижените и стручните“ во СДСМ и Николовска за откупот на грозјето. Тој ќе се спроведе во услови и на начин кои тие ниту можат и ниту знаат како да го реализираат. Но, сепак, добро е што го најавуваат дејствувањето во создавање на проблеми кои секогаш кога станува збор за СДСМ и Николовска се на штета на земјоделците. Црни примери за тоа имаме безброј, за жал нема ниту еден позитивен. |