Соопштение

Date of publication: 
25 July 2013

СДСМ наместо да се занимава со лиферување соопштенија за Договорот за закуп на земјоделско земјиште потребно е со своите пратеници кај себе и меѓу себе да ги расчисти дилемите и недоумиците кои тие ги имаат, а се поврзани со реализацијата на проектот од предметниот Договор.

Зошто на вчерашната повеќе од три часовна расправа на собраниската Комисија за земјоделство, некоординираните пратеници на СДСМ не ги поставија прашањата за елементите за кои имаат дилема.

Наместо да се говорат генерално можеа да постават конкретни прашања што им беше и понудено.

За тоа за што поставија прашање, добија и одговор.

Впрочем, свикувањето на седницата на Комисијата беше на нивна иницијатива.

Покрај тоа што на комисиската седница дојдоа неподготвени пратениците не биле ниту внимателни.

Затоа им е измешан и самиот број на фирми учеснички на Огласот.

Но да напоменеме уште еднаш дека Договорот е склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште според кој се додека се исполнуваатт обврските кои се превземени од страна на инвеститорите, не само во овој договор, туку и во сите останати договори за закуп на државно земјоделско земјиште Министерството за земјоделство не може да ги раскине само затоа што СДСМ сака тоа да се направи?!

Ќе прашаме дали за нив е важен самиот проект и висината на средствата кои ќе се вложат или пак предмет на обсервација е економската логика, која и самите тие наведоа дека во аграрот недоволно ја познаваат и ја разбираат.

Зошто во целост не се чита текстот на Договорот и зошто од него не се извлекуваат логични заклучоци.

Зошто се извртуваат цифрите со висината на закупнината?

Повторно да ги упатиме дека цената не се пресметува на единица површина декар туку на хектар, точно како што е наведено во самиот Договор.

Зошто не ја изразат цената за закупнина во метар квадратен, така би била уште пониска и според нивните желби за оставање на поголем ефект во јавноста.

Зошто пак за споредба не ја наведат висината на закупнината за 94.000 ха државно земјоделско земјиште кое токму тие, безмилосно го раскрчмија на само 411 лица без спроведување на елеменатрна постапка и без почитување на потребите на земјоделците.

Конечно, зошто не го прочитаат Законот за земјоделско земјиште каде што е дефинирана висината за закупнина по единица површина за државно земјоделско земјиште според квалитетот од I до IV, односно од V до VIII класа.

Составен дел на Договорот е листата на сите парцели на земјиштето. Листата е достапна и лесно можат да пресметаат дека висината на закупнината е во рамките на законски предвидената, дури и повисока.

Не можеме да навлегуваме во упатеноста на СДСМ во земјоделските теми и од тие причини во нивното сомневање во самата реализација на проектот.

И повторно се занемаруваат конкретни податоци кои беа искажани на комисијата и за начинот на реализација, за постапките и процедурите, за бројот на потребните инфраструктурни објекти и потребните сервисни услуги.

Недоверба во можностите и големината на планираните преработувачки капацитети. Зошто би било неможно да се изгради преработувачки капацитет за производство на сточна храна од 75.000 тони годишно или пак капацитет за млеко за преработка на 80.000 литри млеко. Токму од нивна страна овој капацитет беше проблематизиран како недоволен?!

И конечно во целата ова нелогичност на ставови, недоумици, отворени прашања се поставува и барањето на СДСМ за раскинување на Договорот.

Зошто? Затоа што не е реализиран од нивна страна или пак се плашат од неговата реализацијата која ќе придонесе за подигнување на нивото на македонското земјоделство и негов дополнителен развој.

Министерстовото за земјоделство и Владата на Република Македонија силно ги поддржуваат сите заинтересирани инвеститори кои гледаат интерес за вложување на капитал, особено во земјоделскиот сектор. Нешто што е многу поразлично од логиката и размислувањето на СДСМ да се раструри се што е добро и од корист на граѓаните.