- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Прес-конференција на министерот за земјоделство Љупчо Димовски и индискиот инвеститор Субрата РојDate of publication: 13 July 2013Kако министерство за земјоделство и како Влада работиме на создавање на услови за инвестирање и развој, и оттука имаме намера да ја поддржиме секоја иницијатива и план кој ќе го помогне земјоделскиот развој и ќе донесе подобра иднина на македонските земјоделци. Тоа ние го чуствуваме за наша обврска.
Затоа позитивно ги оценувам инвестициските планови на индискиот инвеститор г-динот Рој кој како што и самиот истакна планира да се реализираат во наредниот период преку рестартирањето на капацитетот Џумајлија, и за кои веќе компанијата на г-дин Рој ја уплати банкарската гаранција која треба да обезбеди почеток на самата инвестиција.
Нашиот интерес како држава во најавената инвестиција го гледаме пред се во можноста за отворање на нови работни места,развој на земјоделствто и особено делот на сточарството како области во кој како Влада посветуваме особено внимание.
Понатаму би сакал да споменам неколку клучни одредби од договорот за Агро комбинатот Џумајлија. Според договорот закупецот е должен да обезбеди производство на сточна храна, на начин што капацитетот на производство до крајот на третата година да достигне 75.000 тони годишно.
Потоа, закупецот е должен да има најмалку 8000 грла крави во првите 18 месеци по влегување на сила на овој договор, а во рок од 3 години бројот да достигне до 20.000 грла крави и да достигне производство на млеко, со капацитет од 80.000 литри на ден.
Исто така закупецот е должен да вработи 900 вработени во првите 18 месеци по влегување на сила на овој договор, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2000 вработени и според договорот закупецот е должен да инвестира најмалку 200.000.000 евра за 3 години по влегување на сила на овој договор,од кои најмалку 60.000.000 евра во првите 18 месеци, 70.000.000 евра до истекот на 27 месеци и 70.000.000 евра до истекот на 36 месеци.
Ние остануваме отворени за секаква соработка и помош за реализирање на оваа инвестиција или било која друга иницијатива чија цел е подобар живот за граѓаните. |