- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски ги посети оштетените земјоделци во ПрилепскоDate of publication: 25 June 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го посети прилепското село Беровци кое беше зафатено од невремето во неделата попладне. Министерот Димовски изјави дека е обврзан, особено кога земјоделците ќе претрпат штети да ги слушне и да ја види ситуацијата на теренот. - Министерството во целост го разбира проблемот на тутунопроизводителите. Сите мерки во согласност со законот се преземени од општината во делот со процената на штетите, рокот со кој тоа ќе се изврши, подмирувањето на потребната документација преку Советот и доставувањето до второстепената комисија на Владата каде ќе се донесе одлуката за висината на обештетувањето, поткрепена со конечната владина одлука, изјави Димовски. Министерот вети дека лично се заложува сета постапка да биде во што пократок рок, а за процена ќе бидат ангажирани сите од подрачната единица на министерството во Прилеп. Тој изрази жалење поради штетите од временските непогоди, но потсети дека во програмата за поддршка на земјоделството има соодветни мерки за покривање на трошоците за осигурување на родот во вакви случаи. - За жал, многу мал број земјоделци тоа досега го имаат искористено како можност. Но, ова треба да биде поука како тоа догодина да се направи, изјави министерот Димовски. Од земјоделците, министерот слушна конструктивен предлог - осигурувањето да биде ставено во форма на законска обврска. - Добар е предлогот да има дополнувања во Законот за тутунот и тутунските преработки или во Уредбата за поблиските критериуми за исплата на субвенциите за следната година. Ќе ги консултираме правниците да ја најдеме најдобрата форма за во наредната година да нема тутунопроизводител кој не ќе го осигура родот, рече Димовски. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески нагласи дека со министерот Димовски ги посетиле земјоделците кои претрпеа штети, а локалната самоуправа веднаш реагираше и се формирани комисии за процена на штетите за да се прави увид што е законска обврска. Ристески со апел до земјоделците навреме да ги достават пријавите. - Во локалната самоуправа ќе се потрудиме елаборатот брзо да помине во Советот за потоа да се достави до Владата и навреме да се испатат обештетувањата од републичкиот буџет, изјави Ристески. Според претседателот на Советот Никола Димески, формирани се комисиите за процена на штетите на објекти и на земјоделски површини. - Денеска и утре се формираат и дополнителни комисии. Направивме и акциски план според кој до 5 јули комисиите да ги направат проценките и извештаите и веднаш да ги достават до општинскиот совет. На седница во средината на јули да се усвојат извештаите, а потоа веднаш да се достават до Владата, изјави Димески. Според првичните процени од подрачната единица на Министерството за земјоделство, родот речиси е уништен на 1600 хектари во прилепско. Од нив над 500 хектари се со тутун, а околу 1.100 хектари со пченица и јачмен. |