- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски се сретна со претставници од земјоделците и од мелничко-пекарската индустријаDate of publication: 12 June 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска во Новаци се сретна со претставници на мелничко пекарската индустрија и со производителите на пченица. Акцентот на средбата беше ставен на откупот на пченицата и дефинирање на ориентациона цена, при што министерството се јавува како медијатор во разговорите. -Откупната цена за оваа година би требало да се движи во рамките на минатогодишната откупна цена, со огле на ценовните движења на берзите во регионот, пред се во Нови Сад. Од друга страна треба да се имаат предвид и временските прилики во тие региони.-рече министерот Димовски. Земјоделците бараат откупната цена да не биде пониска од 15 денари. -Бараме, годинава откупната цена на пченицата да не биде пониска од ланската откупна цена и покрај тоа што имаме зголемени трошоци на самото производство- рече Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците.. Производителите и откупувачите до министерството ќе поднесат барање за обврзувачки откуп на одредена количина пченица за дозволен увоз на пченица, односно брашно. – Мерката да биде променета во делот на откупот на пченица, наместо досегашната еден спрема три, односно три килограми откупена пченица за еден килограм увезена и четири килограми откупена домашна пченица за еден килограм увезено брашно, т.е. да се промени во сооднос еден спрема два, односно еден спрема пет- рече Николчо Ѓоргиев, претставник на мелничко- пекарскиот сектор при Стопанската комора на Македонија Со годинашната жетва, се очекува реколта од 280. 000 тони пченица, а министерот најави примена на сите законски мерки што и стојат на располагање на Владата, за ефикасна жетва, организиран откуп и ригорозна контрола на квалитетот на лебното зрнo. |