- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на манифестацијата „Ден на полето за житни култури“ во НовосељанеDate of publication: 29 May 2013Исклучителни високи приноси пченица и до 7 тони на хектар достигнуваат одредени парцели во Кумановско. Ова, како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, се одлични резултати ако се земе предвид просечниот принос во земјава од 2,5 тони. Во овој регион, посочи Димовски, почвата е од четврта и петта категорија споредено со житницата Пелагонија каде што е од прва или втора класа. - Причина за постигнуавањето високи резултати е примената на агротехнички мерки, користење најмодерни машини и технологија, како и употреба на серифициран семенски материјал, истакна министерот кој учествуваше на манифестацијата „Ден на полето за житни култури“ во село Новосељане. Според него, дополнителни 3.000 денари субвенција покрај планираните 9.000 денари за хектар, годинава ќе добијат земјоделците кои во производството ќе употребат сертифициран семенски материјал. Поголема поддршка од 30 отсто е предвидена за органските производители на житни култури, а државата ќе продолжи и со поддршката преку мерки за осигурување на производтсвото, за заштита на земјоделско земјиште, поволностите за жените фармери, воведувањето повисоки стандарди на квалитет на земјоделските производи. - Македонија нема компаративна предност во производство на житни култури, сепак мора да продолжи да го поддржува за да обезбеди здрава храна за населението. Неодманешните настани со афлатоксинот во млекото потврдуваат дека нашите жита се здрави. Со заеднички заложби ќе ги зголемиме приносите,квалитетот на житните култури и ќе успееме полоделскиот сектор да го направиме поконкурентен на домашниот и на странскиот пазар, рече Димовски, изразувајќи убедување дека македонскиот полоделец ќе стане европски фармер. Управителот на земјоделската задруга „Агростарт“ Бубе Трајковски потенцира дека употребата на сертифициран семенски материјал и современа механизација дава очекувани резултати, високи приноси. „Ден на полето за житни култури“ е традиционален настан чија цел е презентација на постигнатите резултати на земјоделците од повеќе региони, размена на искуства и презентација на современа механизација. На манифестацијата што годинава ја организираше „Агростарт“, присуствуваа претставници од Управата за семе и саден материјал, од Универзитетот „Гоце Делчев“, како и гости од Србија и Грција. |